ИНФАНТИНО ДОБИ УСМЕНА ПОДДРШКА

Нова шанса за Македонија, ќе има Мундијал со 48 селекции

На состанокот во Цирих првиот човек на ФИФА, доби „зелено светло“ за зголемување на бројот на учесници на СП

објавено: 9 јануари 2017 - 17:30

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) е на чекор од револуционерна одлука, да се зголеми бројот на учесници на Светското првенство. На денешниот состанок во Цирих, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино добил усмена поддршка од челниците кои се на состанокот во Швајцарија. 

Вечерва, ФИФА треба да го прогласи најдобриот фудбалер во светот за 2016 година, а утре ќе се дискутира, но и гласа за предлогот да се зголеми бројот на учесници на Мундијалот. Наместо досегашни 32 селекции, ќе има првенство со 48 национални тимови.

Оваа новина треба да биде за прв пат промовирана на СП 2026 година. Мундијалот во Русија следната година, како и тој во Катар во 2022 ќе биде со по 32 селекции. Со зголемувањето на бројот на учесници, шанса ќе добијат и оние земји кои имаат многу помали шанси да бидат дел од завршницата. 

Според предлогот, планетарниот собир за девет години ќе биде историски. Ќе има 48 репрезентации кои ќе бидат распределени во 16 групи со по три селекции. Во нокаут фазата ќе продолжат двете најдобри. Ќе се игра 16-финале. Тоа значи дека оние кои ќе стигнат до завршницата ќе одиграат вкупно седум натпревари, што значи дека играчите нема да имаат дополнителен напор и плус средби.

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал