финалето како да беше игра на мачка и глушец

НОВА ТИТУЛА: Барселона е „кралот“ во Купот на Шпанија

Во мечот за трофеј, каталонскиот гигант убедливо со 5:0 ја растури Севилја во Мадрид

објавено: 21 април 2018 - 23:20

Барселона испишува нова историска страница. По рекорден 30 пат го освои Купот на Шпанија, откако вечерва во финалето кое се играше во Мадрид, убедливо со 5:0 ја победи Севилја. Дуелот на стадионот на Атлетико Мадрид, делуваше како игра на мачка и глушец, бидејќи каталонскиот гигант беше многу подобар тим.

Серијата голови започна во 14 минута кога погоди Луис Суарез. До крајот на првиот дел погоди Меси во 31, а потоа Суарез со својот втор погодок зголеми на 3:0 во 40 минута.

Во второто полувреме, во листата на стрелците се запишаа и капитенот Андрес Иниеста кој погоди во 52 минута, а точка стави Филип Кутињо со погодокот од пенал во 69 минута. 

Ова е четврта титула во Купот за Барселона, со што успеа да го израмни рекордот на Реал Мадрид и Атлетик Билбао, кои во минатото имале ваква доминација од четири сезони во Купот. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал