ПОВТОРНО НЕМИРИ МЕЃУ ФАНОВИТЕ НА ЦРВЕНА ЗВЕЗДА И ПАРТИЗАН

Нова војна низ улиците на Белград: Еден навивач се бори за живот

Во последните неколку месеци често има тепачки на групи на двата најпознати тима во Србија. Во последниот инцидент еден е погоден со огнено оружје

објавено: 9 јуни 2017 - 14:19

Немирите меѓу навивачите на Партизан и Црвена Звезда никако да прекинат. Изминатата ноќ во Белград било жестоко. Во Нов Белград имало тежок инцидент, во кој учествувале навивачи на двата клуба.

Во општата тепачка било користено и огнено оружје, а најтешко поминал еден тинејџер кој бил ранет во стомакот. Во 19-годишното момче било пукано од огнено оружје, а лекарите се борат да го спасат неговиот живот.

Се верува дека тепачката била договорена меѓу две групи. Да се смират нередите морала да реагира и полицијата. Да потсетиме, пред околу два месеци, навивачи на Црвена Звезда сакаа да влезат на трибината на Партизан на стадионот, а потоа имаше нереди по улиците на градот.

Најново во Меѓународен Фудбал