ДАЛИ ДОДЕЛУВАЊЕТО НА „ЗЛАТНАТА ТОПКА“ Е НАМЕСТЕНО?

Новинар кој гласал за Модриќ не постои!

Новинарот на РТВ Словенија, Андреј Старе изјави дека хрватскиот фудбалер не бил ниту меѓу топ 5 најдобри за 2018. година.

објавено: 7 декември 2018 - 12:15

Француските медиуми и понатаму истражуваат што се случувало на доделувањето на „Златната топка", со оглед на тоа што не можат да се помират со фактот дека Антоан Гризман, фудбалерот на Атлетико, не ја освои престижната награда.

Така, денеска пишуваат дека извесниот Абду Боина, претставникот од Коморските острови кој наводно исто гласал за Модриќ, не ни постои.

„Порталот Albaladcomores.com е згаснат пред шест години, а човек под тоа име не може да се пронајде", пишуваат Французите.

Споменатиот словенечки новинар, Андреј Старе, вели дека тој гласаше за Роналдо, Азар, Меси, Облак и Мбапе. И многу други новинари ширум Евроа се чудат на изборот на Модриќ, бидејќи никој од нив не гласаше за него.

Најново во Меѓународен Фудбал