ПРИТИСОК ОД ФИФА КОН ЧЕЛНИЦИТЕ НА БОКА ЈУНИОРС

Ново одложување – терминот е 23.15 часот!

Бока Јуниорс не сака да истрча на теренот на „Монументал", а тренерот на Ривер Плата Марсело Гаљардо се солидаризира со ривалот. Но ФИФА и јужноамериканската фудбалска асоцијација КОНМЕБОЛ инсистираат мечот во Буенос Аирес да се одигра вечерва.

објавено: 24 ноември 2018 - 21:59


Мечот на векот требаше да биде празник на фудбалот во Буенос Аирес. Но реваншот помеѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс во финалето на Копа Либертадорес е одложен за дополнително време, поради нападот на хулиганите на автобусот на гостинските навивачи.
Ново одлагање има на реванш-мечот од финалето на Копа Либертадорес во кој се среќаваат големите аргентински ривали Ривер Плата и Бока Јуниорс.
КОНМЕБОЛ и официјално потврди дека натпреварот е одложен за 23.15 часот.
Бока Јуниорс не сака да истрча на теренот на „Монументал", а тренерот на Ривер Плата Марсело Гаљардо се солидаризира со ривалот. Но ФИФА и јужноамериканската фудбалска асоцијација КОНМЕБОЛ инсистираат мечот во Буенос Аирес да се одигра вечерва.
Ќе видиме дали челниците на Бока Јуниорс ќе им оддолеат на притисоците.

Најново во Меѓународен Фудбал