БИЗАРНО

Објавија дека е мртов, а тој се појави жив и здрав

Мексикански репрезентативец мораше да потврдува дека е жив откако се појавија информации дека е мртов

објавено: 26 март 2018 - 18:40

Мексиканскиот интернационалец Андрес Гвардадо беше прогласен за мртов на социјалните мрежи, а дел од светските медиуми веќе објавија дека тој починал. Неколку часа подоцна фудбалерот на Бетис го искористи својот профил на „Инстаграм" за да ја демантира информацијата и со фотографија да покаже дека е жив и здрав.

„Не знам зошто луѓето го прават ова. За забава или се работи за болни умови. Ќе ја сватам ова вест како црн хумор и нема повеќе ништо да коментирам", напишал играчот на Бетис.

31-годишниот Гвадрадо се подготвува за настап за мексиканската репрезентација против Хрватска, а потоа се враќа во Шпанија и ќе се спрема за мечот меѓу Бетис и Гетафе во понеделник.

Најново во Меѓународен Фудбал