црвен картон во тунел, лажирање при пенал - одземен пенал

Од 1 јуни стапуваат на сила 95 нови фудбалски правила!

Интернационалниот одбор на ФИФА соопшти дека од 1 јуни на сила ќе стапат 95 нови фудбалски правила, односно 95 измени на веќе постоечките правила.

објавено: 10 мај 2016 - 13:53

Некои од нив се крајно логични и добри за фудбалката игра, но некои се бизарни и несфатливи, а дел од овие големи промени обелодени новинарот Хенри Винтер преку социјалните мрежи:

-Фудбалерот нема да добие црвен картон доколку направи пенал, а очигледно сакал да стартува на топка. Единствено, доколку играчот има директна намера да стартува врз играчот, тогаш ќе добие црвен картон.

-На фудбалерите не смее да им се укажува лекарска помош подолга од 20 секунди на терен.

-Судиите ќе можат да покажат црвен картон пред почетокот на натпреварот поради разни прекршувања на правилата како тепачка во тунелот. Меѓутоа, играчот кој ќе биде исклучен на ваков начин може да биде заменет, па неговиот тим ќе почне со сите 11 играчи во поле, освен со него.

-Доколку играчот непрописно го изведе пеналот, судијата ќе му покаже жолт картон, пеналот ќе биде одземен и ќе биде досуден индирект за противничката екипа.

-Фудбалерот кој во текот на натпреварот ќе остане без копачка може да продолжи да игра до првиот прекин на играта. Долниот дел под шорцевите мора да биде во иста боја како и опремата.

-При изведувањето на почетниот удар, играчот може да ја испрати топката во било кој правец...

Новите правила за првпат ќе бидат тестирани на пријателските натпревари на Англија кои ќе бидат како дел од подготовките за претстојното Европско првенство во Франција.

Најново во Меѓународен Фудбал