НЕВЕРОЈАТНА ПРИКАЗНА ДОАЃА ОД ТАБОРОТ НА ХРВАТСКА

ОД ДОЛЖНИК ДО ЈУНАК: Бил продаден во Франција поради долг на неговото семејство, сега ќе игра против нив во финале

„Не знаев точно зошто отидов во Сошо, имав само 17 години, дури подоцна ја дознав причината. Тоа е фамилијарен проблем кој треба да остане во фамилијата“, рече по вчерашното полуфинале Иван Перишиќ.

објавено: 12 јули 2018 - 09:04

Иван Перишиќ на ова Светско првенство покажа дека може да биде корисен за хрватската репрезентација. Тој го постигна голот за изедначување на дуелот против Англија, а додека во продолжението Манџукиќ ги постави конечните 2-1.

Хрватска во финалето ќе игра против Франција, земјата во која Перишиќ на 17 години бил продаден поради голем долг на неговото семејство, кое во тоа време банкротирало поради фарма со пилиња. 

„За мене тоа тешко прашање. Кога одев со Сошо имав само 17 години и не знаев зошто, дури подоцна ја дознав причината. Тоа е мој проблем и треба да остане внатре во фамилијата. Сега тоа не е важно. Играв во Франција 2,5 години, го научив нивниот јазик. Иако не бев во првата екипа, имам убави спомени, кои ќе ми останат во сеќавање. Никој не е посреќен од мене што во финалето можам да играм против нив, разговарав со мојата мајка пред овој натпревар, и таа ми кажа дека уште пред стартот на СП навивала за финале Франција - Хрватска, ете тоа стана реалност“, рече Перишиќ, по историскиот пласман на неговата репрезентација во финалето на СП.

Најново во Меѓународен Фудбал