„НЕРО-АЅУРИТЕ“ САКАЛЕ „БИЗНИС“, А НЕ ИГРАЛЕ СПОРЕД ПРАВИЛАТА

„Од играчка, плачка“: Зошто Реал Мадрид го тужи Интер?

Како што пишуваат шпанските медиуми, Реал го пријави Интер во ФИФА поради контактирање на Модриќ без дозвола на „кралскиот" клуб.

објавено: 18 август 2018 - 10:30

„Кралевите" одлучија да го тужат Интер во Светската фудбалска федерација поради контактирање со хрватскиот репрезентативец без согласност на Реал Мадрид.

И дефинитивно заврши сагата како што објавивме претходно дека Модриќ и дефинитивно останува во Реал, и покрај тоа што летово веднаш после Светското првенство се поврзуваше со трансфер на „Џузепе Меаца". Плус на тоа и веќе е официјално завршен летниот преоден рок.

Најдобриот играч од Мундијалот во Русија 2018, има договор со шпанскиот гигант до лето 2020. година. Инаку, спрема правилата на ФИФА, ниту еден клуб не смее да стапи во контакт со фудбалер или негов менаџер без согласност на клубот во кој играчот моментално настапува.

Најново во Меѓународен Фудбал