ШВЕЃАНЕЦОТ Е ГОЛЕМ ПОЛИТИЧАР

Оди па сфати што сака да каже Ибрахимовиќ

Златан Ибрахимовиќ и натаму е во центарот на вниманието. По разделбата со Јунајтед и преселбата во ЛА Галакси, на дневен ред дојде настапот на Светското првенство во Русија.

објавено: 25 март 2018 - 15:09

Златан Ибрахимовиќ и натаму е во центарот на вниманието. По разделбата со Јунајтед и преселбата во ЛА Галакси, на дневен ред дојде настапот на Светското првенство во Русија.

Напаѓачот по завршување на ЕП 2016 година стави крај на репрезентативната кариера, но по пласманот на Шведска на СП во Русија, започна приказната за негово враќање во националниот тим.

„Секој ден ми се јавуваат во Шведска и ме прашуваат како чувствувам, што сакам, за што размислувам? Одам чекор по чекор. Доколку се чувствувам добро и подготвено да го направам она што можа, вратата секогаш ќе ми биде отворено. Ако сакам, ќе бидам на Мундијалот, во спротивно нема да се појавам", рече Ибрахимовиќ, кој за Шведска одигра 116 натпревари и постигна 62 гола.

Најново во Меѓународен Фудбал