ДОГОВОРОТ Е КОМПЛЕТИРАН

Официјално: Буфон е нов голман на ПСЖ

Легендарниот италијански чувар на мрежата, на 40 години реши да го облече дресот на францускиот првак

објавено: 6 јули 2018 - 20:15

Легендарниот италијански чувар на мрежата, Џанлуиџи Буфон и официјално е нов голман на Пари Сен Жермен. Францускиот првак објави дека е потпишан договорот со 40-годишниот Буфон. Тој се согласил на едногодишен договор, со опција за продолжување на соработката за уште 12 месеци. 

Буфон цели 17 години беше на голот на Јувентус и за најтрофејниот италијански клуб бранеше на 656 средби, а сега го очекува нов предизвик. 

„Знам кој е сонот на ПСЖ и на нивните навивачи. Ќе ја донесам целата моја енергија, целото мое искуство и се надевам дека ќе помогнам да има многу работи во тимот. За прв пат во кариерата ја напуштам родната земја, но ова е амбициозен проект и се надевам дека ова е вистинска одлука за мене“, рече Буфон.

Најново во Меѓународен Фудбал