ТРЕТ НАТПРЕВАР НА СП ЗА ТУРСКИОТ СУДИЈА

Официјално: Чакир ја дели правдата на мечот Хрватска-Англија!

Џунејт Чакир од Турција ќе го суди полуфиналниот дуел од Светското првенство во Русија помеѓу „коцкестите" и „Гордиот Албион".

објавено: 9 јули 2018 - 19:42

Досега на Мундијалот делеше правда на двете средби од групната фаза, Мароко-Иран (0:1) и Нигерија-Аргентина (1:2).

Занимливо е тоа што и пред четири години на СП во Бразил ја делеше правдата во полуфиналниот дуел помеѓу Холандија и Аргентина.

Изборот на Чакир за ова полуфинале практично значи дека ФИФА не смета на него за финалето за кое најмногу шанси му се даваат да го води Милорад Мажиќ од Србија.

Дуелот помеѓу Хрватска и Англија ќе се игра в среда од 20:00 часот на „Лужњики" во Москва.

Најново во Меѓународен Фудбал