ФИФА ОДЛУЧИ

ОФИЦИЈАЛНО: Мундијалот во 2026 година со 48 репрезентации

На состанокот во Цирих, едногласна беше одлуката да се зголеми бројот на учесници на светските првенства

објавено: 10 јануари 2017 - 11:08

Нова револуционерна одлука за фудбалот, беше донесена утрово во Цирих. На состанокот на Меѓународната фудбалска федерација, едногласно беше прифатен предлогот на претседателот Џани Инфантино за зголемување на бројот на учесници. 

Новитетот ќе биде воведен на планетарниот собир кој е закажан за 2026 година. Наместо досегашните 32 учесници, на Мундијалот ќе има вкупно 48 селекции. СП 2018 во Русија и СП 2022 во Катар ќе бидат по досегашниот формат, а уште не се знае кој ќе биде домаќин на револуционерното првенство во 2026. 

И форматот ќе биде променет. Наместо досегашните осум групи со по четири селекции, учесниците ќе бидат поделени во 16 групи со по три екипи. Понатаму ќе продолжат првопласираните две и ќе следува 16-финале, се до финалето.

Најново во Меѓународен Фудбал