во дербито на Краков

„Огнено“ дерби во Полска (Видео)

Екипата на Висла со 2:1 славеше во дуелот против Краковија, во градското дерби, во рамките од полското првенство. Ривалитетот на овие две екипи трае од 1908 година и ова беше 194 меѓусебен дуел. 

Интересно е што Висла, до победата стигна со пресврт во последните 10 минути. Гостите водеа со голот во 26 минута, но Висла не се предаде. Домаќините најпрво израмнија на 1:1 во 80 минута, а десет минути подовна дадоа и втор гол за победа. 

Навивачите на стадионот „Миецки“ направија фантастична атмосфера. Тие едноставно „ја запалија“ целата трибина, која светеше од бакелите и димните бомби. На крајот, домашните навивачи беа наградени со триумф во последнатга минута од мечот.

 

објавено: 13 август 2017 - 09:00

Најново во Меѓународен Фудбал