Се крчка нова истрага на УЕФА

Опасна игра - Скендербег го влече Динамо во вртлогот на наместени натпревари

Скендербег е казнет со десетгодишна забрана за настапи во европските натпреварувања, што е рекордна суспензија изречена од УЕФА, а сега се крчка нова истрага во која во вртлогот на наместени мечеви може да влезе и Динамо Загреб

објавено: 19 март 2018 - 21:30

Скендербег е казнет со десетгодишна забрана за настапи во европските натпреварувања, што е рекордна суспензија изречена од УЕФА, а сега се крчка нова истрага во која во вртлогот на наместени мечеви може да влезе и Динамо Загреб.

Во прашање е двомечот од 2015 година, што Динамо го доби со вкупен резултат од 6:2. Спорен е реваншот, а осомничени се двајца играчи на Скендербег, Арапи и Шехиу, кои како што вели истрагата намерно се труделе гостите од Албанија да примат гол при негатива од 1.3 во реваншот.

Сомнително за истражителите на УЕФА се огромните уплати во обложувалниците на играта следен гол. Динамо во тие моменти играше со фудбалер помалку, но огромни суми на пари се вложени дека „модрите“ ќе го постигнат следниот гол, што и се случи.

Во истрагата е формирана комисија од искусни тренери, кои најдоа неколку сомнителни моменти, па сега е можно и Динамо да биде казнет.

Најново во Меѓународен Фудбал