ЧЕКА, ЧЕКА, ЧЕКА И НИКАКО ДА ДОЧЕКА

Осум години е член на Челзи, а уште нема дебитирано

Матеј Делац беше еден од најнадежните хрватски голмани 

објавено: 13 ноември 2017 - 15:40

Во 2009 година беше еден од најнадежните голамни, кога како 17-годишен тинејџер потпиша за Челзи. Англискиот премиерлигаш даде три милиони евра на тогашниот чувар на мрежата на Интер Запрешиќ. 

По доаѓањето на „Стемфорд бриџ“, Делац веднаш беше даден на позајмица во тимот на Витезе во Холандија. Неговиот талент не се развиваше во вистинска насока, па наместо да се врати во Челзи, Матеј постојано оди на позајмица. 

Освен за Витезе, како позајмен играч има играно и за екипите на Динамо Чешке Будејовице, Виторија Гимараеш, Интер Запрешиќ, Војводина, Сараево, Арлес и Мускрон.

Најново во Меѓународен Фудбал