ЗАБИЕН НОЖ ВО ГРБ НА БАРСЕЛОНА

Откриен планот како Нејмар ќе заигра за Реал Мадрид

Бразилецот е играч на ПСЖ, но се повеќе се збори дека ќе заигра на „Сантијаго Бернабеу“

објавено: 10 декември 2017 - 12:20

Капитенот на бразилската репрезентација, Нејмар, стана најскапиот играч во историјата на фудбалот, откако за него беа платени 222 милиони евра. Тие пари беа доволни за Нејмар да си замине од Барселона и да го облече дресот на Пари Сен Жермен. 

Сите се чудеа како може да си замине од Барселона за да игра во француското првенство. Но, се погласни се шпекулациите дека тој трансфер имал друга позадина. Тоа е Нејмар да направи трансфер во Реал Мадрид. Претседателот на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез сакаше да го купи Нејмар, уште додека тој беше играч на Сантош, но не успеа. Барселона беше поуспешна тогаш и Бразилецот заврши на „Камп Ноу“.

Сега, планот е Нејмар да дојде во Реал Мадрид во оној момент кога од тимот ќе си замине Кристијано Роналдо. Тоа не се очекува да се случи пред јуни 2019 година, а и самиот играч не сака веднаш да си замине од ПСЖ. Се верува дека Перез веќе го има договорено Нејмар да биде новата голема ѕвезда, но откако ќе си замине Роналдо од „Сантијаго Бернабеу“.

Најново во Меѓународен Фудбал