ФРАНЦУЗИНОТ СЕ СЕЛИ НА „КАМП НОУ“

Откриени детали од договорот на Гризман со Барселона

Најдобриот играч на Атлетико Мадрид ќе се согласи да потпише петгодишен договор со каталонскиот гигант и ќе биде вториот најплатен играч во составот, веднаш зад Лионел Меси

објавено: 20 мај 2018 - 17:45

Остануваат детали за се да биде и официјално договорено. Антоан Гризман во летниот преоден рок доаѓа во Барселона. Според пишувањата на каталонскиот весник „Спорт“, веќе е постигнат договор со сестрата на Гризман, која е негов агент. 

Францускиот голгетер ќе се согласи да потпише петгодишен договор со каталонскиот гигант и ќе биде вториот најплатен играч во составот, веднаш зад Лионел Меси. Освен платата, Гризман ќе може да добие многу пари и од разни бонуси, секако во зависност од трофеите кои ќе бидат освоени додека е тој дел од тимот.

За да ги обезбеди услугите на Гризман, Барселона на 1 јули ќе ја активира откупната клаузула која Французинот ја има со Атлетико, а таа изнесува 100 милиони евра. 

Најново во Меѓународен Фудбал