ќе објасни ли некој зошто е досуден удар од белата точка?

Ова се вика судиска помош: Досуден најсмешниот пенал (Видео)

Спартак во Суботица со 2:0 славеше над Раднички, но домаќините имаа несфатлива помош и од судијата

објавено: 14 мај 2018 - 09:30

Многу неверојатни ситуации има по кои судиите се решаваат да покажат на белата точка и да досудат пенал. Сепак, тоа што се случуваше во Србија, на мечот меѓу Спартак Суботица и Раднички Ниш, не е за верување. 

Домаќините победија со 2:0 и на тој начин обезбедија место во Лигата на Европа. Иако беа големи фаворити, арбитарот неверојатно помогна при постигнување на вториот гол за домаќините. Досуди пенал од ситуација од која тешко дека некој ќе објасни зошто беше покажано на белата точка. 

Интересно е што и првиот гол за домаќините беше постигнат од пенал во 66 минута, а претходно судијата, во 49 минута исклучи еден играч на гостите. Едноставно ова се вика „домаќинско судење“.

Најново во Меѓународен Фудбал