и на дуелот Ј. кореја - Мексико имаше удар од белата точка

Ова веќе станува Пенал Светско првенство во Русија

Досега веќе има 14 досудени удари од 11 метри, а на Мундијалот пред четири години на сите 64 средби вкупно беа досудени 13 најстроги казни

објавено: 23 јуни 2018 - 17:47

Мексико има предност од 1:0 во дуелот против Јужна Кореја по првото полувреме на Мундијалот во Русија. Карлос Вела беше стрелец на погодокот за водство на мексиканците и тоа од пенал во 26 минута. Со овој удар од белата точка на Вела, продолжува пенал шоуто кое е на ова Светско првенство.

Дуелот меѓу Мексико и Јужна Кореја е 28 средба на овој планетарен собир, а веќе има 14 пенали. Тоа значи дека на секој втор дуел имало удар од белата точка. Колку за споредба, пред четири години на турнирот во Бразил, вкупно беа досудени 13 најстроги казни и тоа на 64 средби. 

Ова што сега се случува во Русија слободно може да се нарече дека е Светско првенство за пенали. До крајот на Мундијалот има уште повеќе од половина, па ако се продолжи со ова темпо, на крајот може да има и преку 30 досудени пенали. 

Најново во Меѓународен Фудбал