ТРАНСФЕР УДАР ЗА „ТОПЧИИТЕ“

Озил ќе го зезне Арсенал и ќе потпише за Манчестер Јунајтед

Ова најверојатно ќе се случи на крајот од сезоната, кога германскиот репрезентативец за без пари ќе дојде на „Олд Трафорд“

објавено: 24 септември 2017 - 10:00

Германскиот репрезентативец Месут Озил многу веројатно е дека по завршување на сезонава, ќе го смени клубот. Озил има договор со Арсенал кој му истекува на крајот од сезоната и потоа ќе биде слободен играч. 

Арсенал се обидува да му го продолжи договорот, но тој засега одбива, што значи дека сака да си замине. Не е тајна дека Жозе Мурињо секогаш се интересирал за Озил, кој беше споменуван и како алтернатива, ако не може да се доведе Антоан Гризман од Атлетико Мадрид. 

Озил е во Арсенал од 2013 година, кога за сума од 50 милиони евра дојде од Реал Мадрид. Освен Озил, опасност дека на крајот од сезоната може да си оди како слободен играч е и Алексис Санчез. Тој не сака да остане кај „топчиите“ и ако не биде продаден во јануари, Арсенал и од него нема да добијат ниту едно евро.

Најново во Меѓународен Фудбал