Панчев, наместо во етерот – он-лајн во „Спортмедиа"

„Прогнозирам финале Франција – Шпанија...“

„Златната копачка" од пред деценија и половина, Дарко Панчев, ќе биде наш и ваш стручен аналитичар за време на Европското првенство во Франција, кое првпат ќе се игра со 24 селекции и за еден месец ќе го даде новиот континентален владетел. На нему својсвен начин и со негов речник, ќе се обидеме до вас да ги доближиме неговите ставови, анализи и коментари за сѐ што ќе биде интересно на Евро 2016 во Франција.

објавено: 10 јуни 2016 - 12:30

Како и за СП 2014 во Бразил, „кобрата" ќе анализира и типува на пресметките од европскиот крем во земјата на „галските петли".

„По некоја фудбалска логика и сеќавања, европските првенства биле ;често поквалитетни и од светските, така да од тој аспект очекувам апсолутно да има квалитетен фудбал. Да има добри утакмици, да има ефикасен фудбал, посебно во првата фаза. Ај коа ќе дојдат фазите елиминациони, тука веќе разбирам, голем улог је у прашање и нормално е малку да се тактизира, нели као по навика некоја. Али, во прва фаза очекуем да биде доста ефикасно" вели најдобриот македонски фудбалер на 20 век.

Шпанија ја брани европската титула откако пред четити години напиша историја и стана прва селекција која успеала да ја одбрани круната на Стариот континент. Но, во Бразил, „црвената фурија" разочара...

„Добро е за фудбалот тоа што малку се разби шпанската доминација. Мислам озбилни кандидати на Шпанците ќе бидат и Германците и Французите, како домаќини, кои двапати кога беа домаќини освојуваа трофеи. У 1984 беа домаќини на ЕП, а у 1998 домаќини на СП и победија. Изглеа домашниот терен им дава ветар у грб. Могуче е да искочи уште некоја репрезентација, која моментно не ја рачунаме меѓу главните фаворити, но тоа може само да биде плус. Белгија има добра екипа, без оглед што на пријателските мечеви не брилјираше, али имаат добри поединци. Да не ја забраиме тука Португалија, ипак има добратрадиција, добри играчи заедно со Роналдо и уште неколицина, кои се искусни играчи. Мислам дека уште овие две селекции може да се приклучат у евентуални некакви изненадувања. Да не ги заборавиме и Русија, Англија, па и можда и Хрватска, ќе видиме.

 

Можеби ве чуди Италијанците не ги споменувам? Видете, Италијанците се по професија радници, работливи. Они се извонредни тактичари, нарочито кога се вакви турнири во прашање. Можно е да се пробијат у први осум, да кажеме, али искрено вака не гледам некој голем квалитет у таа екипа, која може да направи големо изненадување. Али не смее да се отпишат. Не случајно, Италија била четири пати светски првак, а европски – само еднаш. И тоа во 1968 година со повторен меч против Југославија. И тоа е еден показател колку тешко се осваја европско.

 

Енглези? Енглези некако од 1966 година кога беа светски прваци, еднашка беа полуфиналисти на Светско првенство, јас кога бев во Италија во 1990 година и уште еднашка мислам кога беа домаќини на Евро 1996. Али не покажаа, никогаш не покажале игри кои што би ги кандидирале у првите четири, така да не веруем и сега дека нешто може да се смени.

ДОБРО ИЛИ ЛОШО Е ЕП СО 24 СЕЛЕКЦИИ?

Ајде да видиме, прво да го изгледаме првенството, да видиме дали ќе покаже дека квалитетот се разводнил. Меѓутоа, лично мое мислење е дека дури и да е малку разводнет квалитетот, ова што се направи е добро – од 16 на 24 селекции. Ипак малите репрезентации имаат големи шанси да го ја укусат таа сласт на едно големо натпреварување. Јер, да бидеме објективни на 16 репрезентации тешко дека некоја мала екипа може да се најде. Така да од таа гледна точка, добро е дури и за нас. И нека остане така.

ШТО Е КЛУЧ ЗА ТИТУЛАТА?

Реално сите играчи се уморни од своите првенства кои се исцрпувачки. Таму ќе биде топло време, јас знам на Светско кога бевме, вруќина, 35-36 степени...Катастрофа. Е сега највише ќе пресуди мотивацијата на играчите. Ако тие нивни големи играчи кои им се во екипите бидат доволно мотивирани да одиграат на високо ниво, секако дека таа екипа може да рачуна дека ќе направи успех.

ШТО ЌЕ ПРЕСУДИ ЗА ПОБЕДА – ТАКТИКА ИЛИ ИНДИВИДУАЛЕН КВАЛИТЕТ?

Сите се знаат добро веќе. Не може да има некои големи изненадуења веќе. Кој кого може да изненади со некаква си тактика за да го растури другиот? Од таја гледна точка тешко дека ќе има изненадуења. Сите се знаат добро. Пак ќе кажам по мене ќе одлучува инспирацијата на поединците кои ќе ги решаваат мечевите

КОЈ ЌЕ ИГРА ФИНАЛЕ...

Прогнозирам дека финале ќе биде Франција – Шпанија. Меѓутоа можно е во финале да се најде и Германија. Од тие три екипи очекувам двајца финалисти. Мислам дека овие се најквалитетни, најтехничари и имаат една лепеза на дваесет играчи, од кои, секој од нив може да влезе и да одигра добро. 

ЗА КОГО ЌЕ НАВИВА...

Немам некој нарочито... Јас би сакал за Македонија да навиваме. Немам некој, од нашиве од регионов ќе бидеме уз Хрватите, зошто кој и да игра од бившиве Ју-републики јас би навивал за нив, дали е Црна Гора, Босна, Србија...По мене апсолутно, зошто да не. На крај краева, тоа се републики со кои едно време сме живееле заедно, тука се блиску до нас, ги разбираме. Така да на нив би им дал поддршка. А, од големиве репрезентации Германија и Шпанија ми се вака нај-океј.

Најново во Меѓународен Фудбал