Гостите тренираа на Арената

Паредес не парадира на „Арената“, Зенит сепак има познати ѕвезди (Фото)

Леандро Паредес е најголемата и најскапа фудбалска ѕвезда на Зенит, за него рускиот клуб и плати на Рома цели 23 милиони евра отштета, а тој не „парадира“ на скопската Арена на тренингот на гостите. Поради повреда Аргентинецот не допатува во нашиот главен град и нема да игра утре против Вардар, но Зенит и без него е многу скап проект, со доста познати фудбалски ѕвезди

објавено: 13 септември 2017 - 19:23

Леандро Паредес е најголемата и најскапа фудбалска ѕвезда на Зенит, за него рускиот клуб и плати на Рома цели 23 милиони евра отштета, а тој не „парадира" на скопската Арена на тренингот на гостите. Поради повреда Аргентинецот не допатува во нашиот главен град и нема да игра утре против Вардар, но Зенит и без него е многу скап проект, со доста познати фудбалски ѕвезди.

Ги предводи легендарниот ас Роберто Манчини, кој долго играше во Серија А, а во експедицијата од 20 играчи кои во моментов тренираат на Арената се и Бранислав Ивановиќ, Кристиојан Нобоа, Себастијан Друиси, Александр Кокорин, Артем Ѕјуба, Доменико Кришито... Има штоф кај гостите, а утре Вардар ќе се обиде да си скрои победничко одело во историскиот меч за нашиот шампион.

Најново во Меѓународен Фудбал