ВО ПРИКВЕЧЕРИНАТА КОГА ПРАВОСЛАВНИТЕ ГО СЛАВАТ БАДНИК

Паричката се падна кај .... Ливерпул!

Трансферот на Кутињо од „Енфилд роуд“ во Барселона е второто најскапо заминување на играч од еден во друг тим

објавено: 6 јануари 2018 - 19:45

Ливерпул речиси три децении чека титула во англиското првенство. Тимот од „Енфилд Роуд“ нема среќа да се израдува на трофејот во Премиерлигата, но затоа вечерва имаше голема среќа на финансиски план. 

Во приквечерината кога православните Христијани ја слават Бадниковата вечер и ја бараат паричката во погачата, на челниците на Ливерпул им се паднаа многу парички и тоа евра, кои пристигнаа од Барселона. Каталонскиот гигант конечно ја заврши мисијата, да го добие потписот на Филипе Кутињо. 

Бразилецот доаѓа на „Камп Ноу“ за трансфер вреден 120 милиони евра. Тоа е втор најскап трансфер во историјата на фудбалот, веднаш зад тој на Нејмар во Пари Сен Жермен кога парискиот тим даде неверојатни 222 милиони евра. Трет на оваа листа е Осман Дембеле кој од Борусија Дортмунд во Барселона дојде за 105 милиони евра. 

Трансферот на Кутињо ќе достигне до 160 милиони евра, пари кои Ливерпул ќе ги добие во зависност од тоа како ќе игра Бразилецот во дресот на Барселона. Интересно е тоа што самиот кутињо се согласил од свој џеб да плати 17 милиони евра, само да си замине од Ливерпул и да не дојде до повторно пропаѓање на трансферот. 

Кутињо во Барселона терба да биде замена за Нејмар. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал