РЕШЕН Е СЛУЧАЈОТ „МАИЦИ“

Партизан казнет со 300.000 динари за носење маици со ликот на убиениот навивач

Играчите на „црно-белите“ не знаеја по чија наредба беа принудени да ги облечат маичките на кои беше ликот на убиениот водич на навивачите, популарниот Сале Мутави

објавено: 6 декември 2016 - 11:10

Партизан ќе мора да плати 300.000 динари казна поради маиците кои ги носеа играчите пред дуелот против Вождовац, во 12 коло на Суперлигата. „Црно-белите“ истрчаа со маички на кои беше ликот на убиениот водич на навивачите, Александар Станковиќ. 

Популарниот „Сале Мутави“ беше убиен на улица, а неговото име го поврзуваа со криминалното подземје. Дисциплинската комисија на фудбалската федерација на Србија, по два месеци реши да го казни клубот. Според кажувањата, играчите сами изразиле желба да ги носат маичките, иако тоа никаде претходно не било пријавено.  

Најново во Меѓународен Фудбал