УЕФА СО ОСТРА КАЗНА

Партизан суспендиран на три години од Европа

Поради нарушување на фер-плеј правилото на ФИФА, српскиот тим доби условна суспензија за настап во европските купови

објавено: 11 јануари 2017 - 17:30

Европската фудбалска федерација (УЕФА) одлучи да го казни Партизан со неиграње во европските купови, во следните три сезони, во кои ќе избори пласман на меѓународна сцена. Казната е поради непочитување на фер-плеј правилото на ФИФА. 

Партизан должи 2,5 милиони евра по разни основи, од кои 360.000 евра се кон други клубови. Токму долгот кон останатите клубови е главна причина за суспензијата која ја добија. Суспензијата може да биде укината, доколку до крајот на јануари Партизан го плати долгот кон другите клубови.

Партизан и во 2013 година доби условна суспензија, но тогаш само од една година, поради неисплатени долгови. Сега УЕФА реши многу подрастично да ги казни „црно-белите“, кои најавуваат дека ќе ги подмират долговите и Партизан ќе може летово да игра во еврокуповите, доколку обезбеди пласман. 

Најново во Меѓународен Фудбал