ЛЕГЕНДАТА УЖИВА ВО ЛУКСУЗОТ

„Пензионерот“ Бекам заработува 35.000 фунти неделно

Дејвид Бекам кој во 2013 година стави крај на својата фудбалска кариера и натаму заработува огромно богатство.  

објавено: 12 октомври 2017 - 14:50

Откако во 2003 година го напушти Манчестер Јунајтед и за голема сума го облече дресот на Реал Мадрид, Бекам стана еден од најпрепознатливите лица во светот на фудбалот, својата популарност знаеше добро да ја наплати.

По „кралскиот" тим тој замина во Лос Анџелес Галакси, па во Милан, на крајот својата кариера ја заврши како фудбалер на ПСЖ. Но и по заминувањето во „пензија", Бекам и натаму заработува астрономски суми.

Дневната заработка на легендарниот фудбалер изнесува околу 35.000 фунти, а само минатата години од договорот со неколку познати брендови заработил дури 12,7 милиони фунти.

Најново во Меѓународен Фудбал