„КРАЛЕВИТЕ“ ОВА ЛЕТО ОСТАНАА БЕЗ ПОРТУГАЛЕЦОТ

ПЕРЕЗ ВО АКЦИЈА: Светски рекорд, замената за Роналдо е пронајдена!

Редно време е Шпанците да бидат активни на трансферот пазарот, со парите кои што ги добија за Кристијано Роналдо да купат квалитетни фудбалери кои ќе блескаат исто така на „Сантјаго Бернабеу".

објавено: 6 август 2018 - 10:15

Флорентино Перез веќе има план пред себе, се шпекулира дека е пронајдена замената за Роналдо и се спремаат дури 250. милиони евра!

Станува збор за напаѓачот на Тотенхем и англиски репрезентативец, Хари Кејн кој би можел да заработува 30. милиони евра по сезона.

Да потсетиме, овој играч на почетокот на јуни го продолжи договорот со премиерлигашот до 2024. година, но кога Перез тргнува во акција, вообичаено ништо не го спречува.

Кејн зад себе има фантастична сезона, со 41. гол во сите натпреварувања. Во Тотенхем има 250.000 илјади фунти неделна заработка, а годишно со бонуси прима околу 15 милиони фунти.

Освен Кејн, на „кралската" листа желби се наоѓаат уште Нејмар, Салах, Вернер, Левандовски и Икарди.

Најново во Меѓународен Фудбал