КОНЕЧНО И ТОА СЕ СЛУЧИ НА „ВЕЧНОТО“ ДЕРБИ ВО БЕЛГРАД

По 22 години пауза, Партизан доби пенал, но не ја победи Звезда

Дуелот на стадионот на Партизан заврши 1:1

објавено: 13 декември 2017 - 20:02

Партизан го доби тоа што го чекаше 22 години, но не победи во „вечното“ дерби против Црвена Звезда (1:1). „Црно-белите“ поведоа со голот на Сумах, од пенал во 62 минута. Тоа беше прв досуден пенал за Партизан по пауза од 22 години, на дуелите против Црвена Звезда.

Благодарение на голот од белата точка, домаќините имаа предност, но тоа не беше доволно за конечна победа. Звезда израмни во 84 минута благодарение на голот на Боакjе, за конечни 1:1 на 156 „вечно“ дерби на Белград.

По овој резултат, Црвена Звезда ја зачува предноста од девет бода пред градскиот ривал. По 22 меча во првенството, Звезда е лидер со 57 бодови, додека Партизан има 48 бодови. 

Како по обичај дербито го одбележаа многуте инциденти на трибините. Тепачки, фрлени факели, па дури и голи навивачи завршија на тартанот од стадионот. 

Најново во Меѓународен Фудбал