ОВА ГО НЕМА НИ НА ДИВ ЗАПАД

По заканите со пиштол и пораките „готов си“, судијата го призна голот на ПАОК

Голем скандал се случи на грчкото дерби меѓу ПАОК и АЕК, кога домаќините дадоа гол во 90 минута и беа на чекор од титулата во првенството, но тогаш судијата го поништи погодокот поради офсајд 

објавено: 12 март 2018 - 10:20

Голем скандал се случи на грчкото дерби меѓу ПАОК и АЕК, кога домаќините дадоа гол во 90 минута и беа на чекор од титулата во првенството, но тогаш судијата го поништи погодокот поради офсајд.

Веднаш настана голема мешаница, а газдата на ПАОК, Иван Савидис влезе на теренот со пиштол на ременот и тргна кон судијата. Повеќе луѓе реагираа и го спречија првиот човек на ПАОК да дојде до арбитарот.

Мечот беше прекинат, а сцените од стадионот „Тумба“ го згрозија целиот фудбалски свет. Судиите со помош на обебзедувањето си заминаа од стадионот, но остана под силен притисок.

Интересно е што забележал судијата во официјалниот записник, а тоа е дека го признал голот, кој првично го поништи. 

„По консултација со помошникот судија го признавам голот за регуларен, но упадот на Савидис на теренот е причина за прекин на средбата“, стои во записникот во изјавата на судијата околу спорната ситуација.  

Освен што си ја признал грешката, судијата не заборавил во записнокот да забележи и тоа што се случуваше по поништување на голот. 

„Насилен упад на Иван Савидис на теренот, заедно со неговото лично обезбедување. Напад на Савидис врз Василис Димитријадис од АЕК. Лубош Михал вербално ме нападна со зборовите „Готов си.“ Во соблекувалната потпретседателот на АЕК ме извести дека играчите на гостинскиот тим се преплашени поради пиштолот кој го носел Савидис“, наредил во извештајот судијата Коминис, кој сепак ако не направеше грешка немаше да дојде до никаков инцидент. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал