ВТОРА ПОБЕДА ВО ВТОРИОТ МЕЧ

Победата над Германија не беше случајна: Мексико ита кон нокаут фазата

Со триумфот од 2:1 над Јужна Кореја тие само теоретски треба да го потврдат пласманот во осминафиналето

објавено: 23 јуни 2018 - 18:54

Мексико по втор пат се радуваше на Светското првенство во Русија, откако со 2:1 славеше над Јужна Кореја. Со овој триумф, Мексико сега има максимални шест бода по две кола и само теоретски останува да го завери местото во нокаут фазата. 

Тимот кој во првото коло славеше над актуелниот бранител на светскиот трон Германија, поведе со голот на Карлос Вела од пенал во 26 минута. Предноста ја одвои Хавиер Чичарито во вториот дел. Со овој погодок Чичарито стана првиот мексикански играч кој во репрезентативниот дрес стигнал до бројката од 50 погодоци. 

До крајот на средбата, Јужна Кореја со погодокот на Сон во 93 минута успеа да даде само почесен погодок. 

Најново во Меѓународен Фудбал