НА ПРВИОТ ДЕН ОД СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО РУСИЈА

Подгответе ги тикетите: Видовита мачка го предвидува мечот Русија-Саудиска Арабија! (Видео)

Една видовита мачка од Санкт Петербург, предвидува дека денеска домаќинот на Светското првенство ќе ја совлада Саудиска Арабија.

објавено: 14 јуни 2018 - 12:30

Пред мачката Ахил стоеја две чинии, насликани со знамињата на двете земји. Без многу размислување ја избра чинијата пред знамето на Русија.

Претходно успеа точно да ги предвиди резултатите на три од четири натпревари одиграни во рамките од Купот на Конфедерациите одржани во Ст. Петербург.

Оваа година „напорно" тренираше, учествуваше на јавни случувања и сега е подготвена да ги предвидува резултатите во текот на целиот Мундијал кој што ќе трае до 15. јули во 11 руски градови.

Првиот меч на СП помеѓу Русија и Саудиска Арабија се игра на стадионот „Лужники" во Москва со почеток од 17:00 часот.

Најново во Меѓународен Фудбал