КОИ СЕ МАГИЧНИТЕ ЗБОРОВИ НА ТРЕНЕРОТ НА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД?

Погба откри што ги советувал Мурињо на полувремето

„Црвените ѓаволи“ на полувремето губеа со 0:2, но на крајот славеа со 3:2 на гостувањето кај градскиот ривал Сити

објавено: 8 април 2018 - 08:30

Манчестер Јунајтед го направи еден од најголемите пресврти во градските дуели против Сити, откако по негативата од 0:2, на крајот победи со 3:2 и тоа на гости. За „црвените ѓаволи“ тоа беше двојна добивка. Прво, освоија три значајни бода во битката за второто место на табелата, а плус не дозволија градскиот ривал против нив да ја прослави освојувањето на титулата во Премиерлигата. 

Пол Погба даде два гола и беше творец на пресвртот, а на крајот погоди Смолинг за 3:2 за Јунајтед. Токму Погба откри што ги советувал тренерот Жозе Мурињо на полувремето во соблекувалната. 

„Тренерот Жозе Мурињо немаше што многу да ни каже на полувремето во соблекувалната. Сите бевме свесни за катастрофалната игра во првото полувреме. Ни рече да не стоиме на теренот како кловнови и да не гледаме како Манчестер Сити ја освојува титулата против нас“, вели Погба, за тоа што се случувало во соблекувалната на „црвените ѓаволи“.

Сити и покрај овој пораз, сигурно ќе ја освои титулата во Премиерлигата, но не им се исполни желбата тоа да го направат на дуел против градскиот ривал Јунајтед, кој воедно е и најтрофеен клуб во Англија.

 

Најново во Меѓународен Фудбал