ПОРТУГАЛЕЦОТ ТИПУВА

Погледнете ги прогнозите на Мурињо за СП 2018 (видео)

Португалскиот тренер Жозе Мурињо даде свои прогнози за патниците во осминафиналето на Светското првенство во сите групи.

објавено: 6 јуни 2018 - 11:15

„Русија ќе го победи Египет во одлучувачкиот натпревар за второто место во групата", изјави Мурињо во типувањето организирано од страна руската телевизија РТ.

ГРУПА А: Уругвај прв, Русија во осминафинале како второпласиран, Египет и Саудиска Арабија ќе ги спакуваат куферите.
ГРУПА Б: Шпанија, Португалија, испаѓаат Мароко и Иран
ГРУПА Ц: Франција, Австралија, дома одат Перу и Данска
ГРУПА Д: Аргентина и Нигерија во осминафинале, испаѓаат Хрватска и Исланд
ГРУПА Е: Бразил, Швајцарија, Србија и Костарика во аут
ГРУПА Ф: Германија, Мексико, испаѓаат Шведска и Јужна Кореја
ГРУПА Г: Англија победник, Белгија втора, испаѓаат Тунис и Панама
ГРУПА Х: Прв Сенегал, втор Полска, испаѓаат Колумбија и Јапонија

Најново во Меѓународен Фудбал