РЕАКЦИИ НА ДВАТА ТРЕНИРИ ПО СИНОЌЕШНИОТ ДУЕЛ НА „ВЕМБЛИ“

Покетино: Бевме подобри на двата меча; Алегри: Заслужено сме во четвртфиналето

Стратегот на Тотенхем е разочаран за пропуштената шанса, додека првиот човек на клупата на Јувентус го гледа неговиот тим како подобар по 180 минути игра

објавено: 8 март 2018 - 08:00

Неверојатен беше двомечот меѓу Тотенхем и Јувентус, а на крајот италијанскиот првак се радуваше на место во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Лондонскиот тим водеше со 1:0 на полувремето, но „старата дама“ не се предаде и со два погодоци во второто полувреме направи пресврт и стигна до триумф од 2:1 и место меѓу најдобрите осум екипи во Европа. 

„За помалку од три минути примивме два гола. Направивме две огромни грешки и затоа сме елиминирани. Игравме фантастично, се до првиот гол на Јувентус, а потоа се пропадна. Создадовме многу шанси и заслуживме многу повеќе. Во фудбалот не секогаш победува тој што повеќе заслужува. Тешко ни е, но мора да одиме напред“, рече менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино.

Стратегот на Јувентус, Масимилијано Алегри, вели дека неговиот тим заслужено го елиминирал Тотенхем. 

„Со оглед на тоа што се случуваше на двата меча, сметам дека заслужено одиме понатаму.Сите во клубот заслужуваат еден голем комплимент за работата која ја правиме во последниве неколку години. Победата на „Вембли“ ни носи голем престиж. Првото полувреме беше многу тешко за нас. Лесно ги губевме топките, а Тотенхем ни создаде многу маки. Во вториот дел бевме многу покомпактни. Бевме трпеливи и на крајот заслужено сме во четвртфиналето“, вели италијанскиот тренер Алегри. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал