ЧУДЕН ТЕРМИН ЗА НАЈГОЛЕМОТО ДЕРБИ ВО СВЕТСКИОТ ФУДБАЛ

Поради Кинезите „Ел Класико“ ќе го гледаме од 13 часот

Реал со победа ќе го „спаси" првенството, додека Барселона сака одмазда за Суперкупот

објавено: 23 декември 2017 - 12:30

Реал ги собра сите најважни примати во фудбалот. „Кралскиот клуб“ е актуелен светски, европски и шпански првак. Сепак, Барселона е мометален лидер во шпанската Ла Лига, додека мадриѓани заостануваат дури 11 бодови во првенството, но имаат и меч помалку.

„Ел Класико“ број 236 се игра попладнево од 13 часот. Причина за ваков термин на одигрување на најголемото светско дерби е неверојатната популарност која ја има во Кина и далечниот Исток. Кинезите даваат премногу пари во фудбалот, како за доведување на играчи, така и за реклами. Токму поради кинеските реклами и пари, „Ел Класико“ се игра во денски термин, а не како што сме навикнати, во вечерните часови. 

Реал е под притисок дека мора да победи, за да го „спаси“ првенството, односно да ја намали негативата во однос на најголемиот ривал. Проблем за тимот на Зинедин Зидан е тоа што сезонава не е сигурен кога игра пред своите навивачи. На 8 меча, Реал има пет победи, две нерешени и еден пораз. 

Барселона е единствениот тим без пораз сезонава. Во 16 средби има 13 победи и три нерешени. Каталонскиот гигант е со најдобриот напад и најсигурната одбрана (42 дадени и 7 примени голови). Како најава за „Ел Класико“, синоќа во првиот дуел на екипи од Мадрид и Барселона, Еспањол со 1:0 го победи Атлетико. 

Најново во Меѓународен Фудбал