КОГА ДОЈДЕ ВО БАРСЕЛОНА, ТРЕБАШЕ ДА МУ Е ВРВОТ НА КАРИЕРА

Поради лошите игри, срам му е на улица да се појави

Андре Гомеш не е ни „бледа сенка“ од тоа што беше додека го носеше дресот на Валенсија

објавено: 14 март 2018 - 12:50

Да се игра во еден светски фудбалски гигант воопшто не е лесно. Тоа најдобро на свој грб го почувствува Андре Гомеш. Играчот за врска дојде на „Камп Ноу“ во јуни 2016 година од тимот на Валенсија и тоа за сума од 35 милиони евра. Вложените пари, Гомеш засега не ги има оправдано и тоа му создава голем притисок. 

Сезонава само четири пати беше стартер, а вкупно во 72 средби има дадено три голови. Иако ја има целосната поддршка од тренерот Ернесто Валверде, медиумите и навивачите се полни со критики за играта на Гомеш. Самиот играч вели дека многу тешко ги поднесува тие критики.

„Лошо се чувствувам за време на мечевите. Премногу размислувам, а тоа ме убива. Имам одлична поддршка од соиграчите, но сепак не ми оди како што посакувам. Но не ми е така само кога сум на теренот. Повеќе пати ми се случило кога ќе излезам на улица да се срамам. Луѓето почнуваат да ме загледуваат, а јас од срам не сакам веќе да излезам на улица. Животот во Барселона ми стана еден мал пекол, бидејќи сум под страшен притисок“, признава Гомеш. 

Најново во Меѓународен Фудбал