КОГА ПОЛИТИКАТА ЌЕ СЕ ВМЕША ВО СПОРТОТ

Поради Ратко Младиќ казни ќе добијат Зенит, Црвена Звезда и Партизан

Српските и руските навивачи дадоа поддршка за српскиот воен офицер кој доби доживотна казна затвор

објавено: 24 ноември 2017 - 20:10

Кога политиката ќе се вмеша во спортот, следуваат казни. Токму поради тоа тоа, пред казни од УЕФА се екипите на Зенит, Црвена Звезда и Партизан. На мечевите од Лигата на Европа на кои играа овие екипи, беа истакнати пароли во знак на поддршка на Ратко Младиќ, кој беше осуден на доживотна казна затвор. 

На воениот злосторник вчера му се судеше и тој треба доживотно да остане во затвор. Против оваа одлука се српските и руските навивачи. фановите на Црвена Звезда и Партизан очекувано покажаа револт против одлуката на Судот. 

Рамо до рамо со симпатизерите на Звезда и Партизан беа и тие на Зенит. На дуелот во Санкт Петербург, против нашиот првак Вардар, навивачите на Зенит истакнаа парола на која пишуваше „Младиќ херој на Србија". 

 

Најново во Меѓународен Фудбал