МОРА ДА СЕ МИСЛИ НА СЕКОЈА СИТУАЦИЈА

Поради Суарез, во фудбалот се воведува ново правило

За прв пат во правилата на фудбалот се споменува гризнување на противник како причина за добивање на црвен картон

објавено: 15 мај 2018 - 14:30

За прв пат во правилата на фудбалот се споменува гризнување на противник како причина за добивање на црвен картон. Секако најголема „заслуга“ за воведување на ова правило има Луис Суарез. Уругвајскиот репрезентативец е познат како играч кој неколку пати знаел да ги гризне противниците.

Напаѓачот на Барселона ги има гризнато Отман Бакала, Бранислав Ивановиќ и Џорџо Кјелини. Најсвеж беше случајот кога на Светското пренство во Бразил, Суарез го гризна Кјелини. Освен што доби црвен картон, Суарез од ФИФА доби суспензија во траење од четири месеци. 

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал