ДЕЛУВАЛ СОМНИТЕЛНО

Порака од Египет за Салах: Избричи ја таа терористичка брада

објавено: 13 март 2018 - 20:35

Мохамед Салах е спортскиот херој во Египет, но и кај навивачите на Ливерпул. Напаѓачот е прв стрелец во англискиот тим , а во татковината го слават бидејќи беше најзаслужен што Египет се избори за место на Светско првенство, за прв пат по 1990 година. Во последниот меч против Конго, Салах даде гол од пенал во последната минута и на тој начин го визираше местото на Египет за Мундијалот во Русија. 

Салах е познат и по своите хуманитарни работи и помошта која ја дава на многумина во неговата татковина. Сепак и покрај сите овие позитивни работи, има некој на кој мохамед му смета. Еден новинар на државниот весник Ал-Ахрам, му порача на Салах дека мора да ја избричи брадата, бидејќи „го става во ист ранг со екстремистите и терористите“. 

Не е случајно што ваква порака е упатена од весник кој е во сопственост на државата. Во Египет од 2013 година, кога со државен удар беше срушена владата на Муслиманските браќа, се бори против исламистичкиот фундаментализам и ИСИС. Во таа нивна борба, често и се претеруваат работите, како што е и случајот со Салах. 

Најново во Меѓународен Фудбал