НАЈБРЗИОТ ЧОВЕК НА ПЛАНЕТАТА СЕ ВРАЌА НА СТАРИОТ КОНТИНЕНТ

Поранешен европски првак со понуда за Болт

Моментално игра за Централ Коуст Маринерс, но Усеин Болт е цел на европски гигант, вели неговиот агент

објавено: 15 октомври 2018 - 21:15

Болт даде два гола за Централ Коуст на последниот меч со што потврди дека за него има место на фудбалските терени. Неговиот агент вели дека Болт нема да се задржи многу во Австралија затоа што има понуди од европски клубови, а едната е од поранешен европски шампион.

„Топ европски клуб му нуди две годишен договор. Тој клуб туку што доби нови сопственици и има амбиции за враќање во Лигата на шампионите", вели неговиот агент Тони Релис.

За кој клуб се работи, Релис не кажа, но ако се протолкуваат неговите зборови можеби станува збор за италијанскиот Милан. Плус тука има некоја врска: Пума е спонзор на Болт, а воедно е и спонзор на Милан...

Најново во Меѓународен Фудбал