АРГЕНТИНЕЦОТ СОЗРЕА НА ТЕРЕНОТ

Порано бев егоист, но сега играм повеќе за тимот

Лионел Меси признава дека ја има променето сопствената игра во последните неколку дена

објавено: 17 март 2018 - 10:17

Суперѕвездата на Барселона, Лионел Меси вели дека во многу ја има променето својата игра. Како што открива Аргентинецот, порано бил голем егоиста и сакал само од да игра, а сега размислува поинаку и повеќе сака да додава и да игра за тимот. 

„Порано сакав да ја земам топката и сам да завршувам. Сега сакам повеќе да играм за тимот. Ја додавам топката и не сум толку голем егоиста како претходно. Сега не ни размислувам да ја задржам топката толку често во моите нозе“, открива Меси, кој во овие речиси една и пол деценија поминати во шпанскиот фудбал стана убедливо најдобар стрелец, но и најдобар асистент во историјата на Ла Лига. 

И оаа сезона Меси е предводник на Барселона, која е лидер во шпанското првенство, се бори за титулата во Купот на Шпанија, а е дел и од четвртфиналето од Лигата на шампионите. 

Најново во Меѓународен Фудбал