Трилер во Лисабон

Порто ја нокаутира Бенфика за пол-позиција во трката за титулата

Мексиканецот Ектор Ерера го постигна голот на кариерата и го доведе својот тим Порто на прагот на нова титула во Португалија, по победата против бенфика во големото дерби

објавено: 15 април 2018 - 20:57

Мексиканецот Ектор Ерера го постигна голот на кариерата и го доведе својот тим Порто на прагот на нова титула во Португалија, по победата против бенфика во големото дерби.

Ерера погоди во 89. минута за триумф на гостите од 1:0 и го искачи Порто на врвот на табелата со два бода предност пред Бенфика на четири кола до крајот на шампионатот.

Битката се уште не е завршена, а шанси има и Спортинг, ако вечерва го победи Белененсес. Стефан Ристовски и соиграчите со триумф би биле трети со пет бода помалку од новиот лидер Порто.

Најново во Меѓународен Фудбал