НЕ ИМ БЕА ДОВОЛНИ САМО ТРИ ВО ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ...

Португалците вечерва броеја до 9, колку Македонија ќе брои против Лихтенштајн? (ВИДЕО)

У21 селекцијата на Португалија во квалификациите за ЕП 2019 на гостински терен со 0:9 ја совлада репрезентацијата на Лихтенштајн.

објавено: 11 октомври 2018 - 21:31

Португалците очекувано лесно стигнаа до триумф, а задачата ја завршија уште во првото полувреме водејќи со 0:3 со головите на Гончалвеш (2. мин.), Тавареш (28.) и Филипе (45+1).

Со овој резултат Португалија не се задоволи, па во второто полувреме постигна уште шест погодоци и го декласираше својот противник. Уште три гола (вкупно четири) во продолжението постигна Тавареш, а уште по еднаш стрелаа Жота и Диас за конечни 0:9.

Потсетување, дека в сабота од 20:45 часот на „Филип Втори" Арената во Скопје, македонската фудбалска сениорска репрезентација ќе го игра третиот натпревар од УЕФА Лигата на нации против своите врсници од Лихтенштајн.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски ја имаат фаворитската улога, но таа треба да се потврди на теренот, а што мислите вие со колку голови во мрежата на ривалите?

Најново во Меѓународен Фудбал