ПРОДОЛЖУВА САПУНИЦАТА

Последната понуда од Барселона е 150 милиони евра

Во јануари следува нов поход на каталонскиот гигант за да се купи ѕвездата на Ливерпул

објавено: 2 декември 2017 - 13:50

Барселона не се откажува од идејата на „Камп Ноу“ да го доведе Филип Кутињо од Ливерпул. Каталонскиот гигант пред почетокот на сезоната имаше неколку неуспешни обиди за реализација на овој трансфер. Иако од „Енфилд Роуд“ беа одбиени сите понуди, Барса не се откажува. 

Во пресрет на зимскиот преоден рок, следува нова офанзива. Последната одбиена понуда беше 130 милиони евра, па сега цената ќе биде зголемена на 150 милиони евра. Кутињо е играч кој игра како офанзивец за врска, и треба да биде наследник на Чави и Иниеста, односно да биде креаторот во играта. 

До почетокот на зимскиот преоден рок има уште еден месец, а потоа стартува ново поглавје од битката за доведување на Бразилецот во редовите на Барселона.

Најново во Меѓународен Фудбал