КОГА ТОА НЕ МОЖЕ ДА СИ ГО ДОЗВОЛАТ МАДРИЃАНИ, ШТО Е ЗА ДРУГИ

Повеќе од 2.200 навивачи на Реал ги вратија билетите за финалето во ЛШ

Цените во холетите во Киев се зголемени дури и за 10 пати повеќе од реалната сума која треба да биде за тој период во годината

објавено: 19 мај 2018 - 17:29

Повеќе од 2.200 навивачи на Реал Мадрид кои добија билети во живо да го следат финалето од Лигата на шампионите против Ливерпул во Киев, решија да го вратат скапоценото парче хартија. Финалето на елитниот турнир на УЕФА ќе се игра на 26 мај на „Олимпискиот стадион“ во Киев, кој има капацитет од 70.000 гледачи.

Главна причина поради која голем број од фановите на Реал решија да ги вратат добиените билети, е фактот дека цените за сместување во Киев се зголемени дури за 10 пати од вообичаената цена. Според пресметките, патот до Киев и назад достигнува и до 2.000 евра, а престојот во хотел може да биде и два-три пати поскапо од патот. 

Најниската цена за спиење во Киев во периодот од 25-27 мај е 1000 евра од ноќ. И покрај многу скапите понуди за ноќевање, властите во Киев веруваат дека во главниот град на Украина, за време на финалето во ЛШ, ќе дојдат околу 40.000 странски навивачи и туристи поради фудбалот.

 

Најново во Меѓународен Фудбал