ИМА ОБВИНЕТИ ЗА ГОЛЕМАТА ТРАГЕДИЈА ВО АНГЛИЈА

Правдата е бавна, но стигнува и по 27 години

На почетокот на август ќе започне судењето на вкупно шестмина луѓе кои тогаш биле дел од полицијата што требала да воведе ред на стадионот

објавено: 29 јуни 2017 - 12:47

Вкупно 96 навивачи на Ливерпул го загубија животот во далечната 1989 година, кога се случи трагедија на стадионот на Шефилд Венсдеј. „Хилсборо“ беше домаќин од полуфиналето на ФА Купот меѓу Ливерпул и Норингем Форест, но неочекувано на трибините се најдоа многу повеќе навивачи од дозволеното. 

Во стампедото, од нагмечување, гушење и други повреди, починаа дури 96 навивачи, а повеќе од 700 беа повредени. Најмладата жртва беше 10-годишно дете. Тоа е најголемата спортска трагедија во Велика Британија и една од најголемите во светот. 

Неколку дена по трагедијата, обвинети беа навивачите на Ливерпул, но потоа следуваше и извинување за фановите на тимот од „Енфилд Роуд“. По повеќе од две и пол децении, минатата година, судот одлучи дека полицијата е виновна за трагедијата. 

„Грешка на полицијата во планирање и организирање на мечот е причина за предизвикување на трагедијата коај се случи на стадионот во Шефилд во 1989 година, кога загинаа 96 навивачи на Ливерпул“, стоеше во заклучокот на поротата.

Во август, пред судот ќе се појават тогашниот шеф на полицијата, Дејвид Дакенфилд, инспекторот на јоркширската полиција Норман  Бетисон, шефот на обезбедувањето на стадионот, Грахам Макрел, како и тројцата полицајци Доналд Дентон, Алан Фостер и Питер Меткалф. Сите овие се обвинети дека не ги изнеле сите факти за трагедијата која се случи во 1989 година. 

Најново во Меѓународен Фудбал