ФИЛМСКО СЦЕНАРИО ЗА МАРИО БУДИМИР

Пред 10 месеци го батали фудбалот, а сега ќе „тресе“ за Динамо

На општо изненадување Динамо Загреб во финишот на сезоната одлучи да го ангажира 32-годишниот напаѓач Марио Будимир. Тој потпиша до 2019 година.

објавено: 3 мај 2018 - 14:30

Овој фудбалер на „Максимир" доаѓа како слободен играч по заминувањето од Рудеш. И самиот Будимир е изненаден од развојот на настаните кои ги спореди со „филмско сценарио".

„Супер, пресреќен сум што дојдов во Динамо. И самиот сум изненаден, затоа што пред 10 месеци не ми беше до играње фудбал... Само пиев кафе и се досадував, а сега дојдов да му помогнам на клубот да ја освои двојната круна во завршницатана сезоната. Сето ова е како филмско сценарио, неочекувано. Уште не можам да поверувам дека ова се случува, токму како филмска приказна", изјави Будимир кој ќе го носи бројот 9. 

„Тоа беше првиот слободен број. Секој играч кој го носи дресот на Динамо треба да знае дека носи голема одговорност кон клубот, а не само кон бројот на дресот", вели Хрватот.

 

Најново во Меѓународен Фудбал