АМЕРИКАНСКАТА АКТЕРКА ДОБИ ГОЛЕМА ЧЕСТ

Прекрасната Ева Лонгорија ќе застане меѓу Меси и Роналдо

На една ваква прекрасна дама секако одлично ќе и прилега да биде помеѓу двајцата најдобри фудбалери во светот

објавено: 3 јануари 2017 - 09:30

Американската актерка Ева Лонгорија ќе биде водител на церемонијата на гала свеченоста во Цирих на 9 јануари, кога ќе Светската фудбалска федерација (ФИФА) треба да го прогласи најдобриот фудбалер во светот за 2016 година. 

ФИФА од оваа година повторно сама доделува награда, откако реши да се откаже од заедничкото доделување на „Златната топка“ со францускиот весник „Франс Фудбал“. На церемонијата во Цирих ќе биде прогласен најдобриот за 2016 година. 

Во најтесниот избор за најдобар останаа само тројца играчи. Стандардно тука се Кристијано Роналдо и Лионел Меси, а оваа година тројката ја заокружува Антоан Гризман. Покрај Лонгорија, водител на настанот ќе биде и познатиот германски водител Марко Шрејл.

 

Најново во Меѓународен Фудбал