ДРУГИТЕ ЏАБЕ ЌЕ ИГРААТ

ПРЕСМЕТАНО: Германија, Бразил или Шпанија ќе го освојат СП во Русија

Ова е според швајцарските банкари, кои решија во спортски цели да ги искористат своите алатки кои им служат за предвидување и креирање на цената на светската трговска економија

објавено: 17 мај 2018 - 18:12

Како се доближува стартот на Светското фудбалско првенство во Русија, така се типува на тоа која селекција има најголема шанса за да се искачи на светскиот трон. Швајцарските банкари решија во спортски цели да ги искористат своите алатки кои им служат за предвидување и креирање на цената на светската трговска економија и да погодат кој може да биде светски првак. 

Според пресметките, најголеми шанси за златото имаат актуелниоте светски прваци Германија, на кои им се дава дури 24 отсто дека ќе бидат најдобри. Потоа следи најтрофејната селекција, Бразил со 19,8 отсто шанси, додека на третото место е Шпанија со 16,1 отсто шанси дека може да бидат најдобри. 

На сите останати селекции шансите за триумф им се под 10 отсто. 

Прогнозите се темалат според резултатите кои репрезентациите ги имаат остварено на последните пет Мундијали, проценката на силата на актуелниот состав со кој треба да настапат, како и резултатите во квалификациите. 

Најново во Меѓународен Фудбал